Тигарот на Аркан е еден од најпознатите: Се појави во спот на Цеца, а еве каде е денес
Беше во спотот „Није монотонија“, но Цеца не го задржа...
Тигарчето, по име Маза првпат се појави на фотографијата на Спрската доброволна гарда, кога Жељко Ражнатовиќ Аркан го држи во раце, кренато во вис.
Таа фотографија со брзина на светлината се најде на насловните страници на најпознатите странски дневни весници и Маза стана најпознат тигар.
На јавноста исто така ѝ е познат по појавувањето во спотот за хит песната на Цеца, „Није монотонија“, каде пејачката се мази и си игра со него.
Како што се зборуваше, познатиот тигар Аркан го донесе од бојното поле кај поранешниот директор на зоолошката градина БЕО, Вук Бојовииќ, а неодамна на еден портал се појави веста за смртта на токму тој тигар, кој во текстот го нарекоа Нелсон.
Како што се пренесува, тигрицата Маза е сепак жива.
Во времето кога Аркан ѝ ја покажа на јавноста беше младенче, а просечниот животен век на тигрите е околу 25 години и повеќе.
Arkan i Ceca sa njegovim tigrom pic.twitter.com/C3XizFx4wh
— FikoR (@FikoR87) September 21, 2020