ТикТок ѕвезда гради музичка кариера: Лорен Греј го објави својот „омилен видео спот“

ТикТок ѕвезда гради музичка кариера: Лорен Греј го објави својот „омилен видео спот“

Објавена во: Stars // Музика

Слушнете ја песната „Alone“...

Лорен Греј конечно го објави видеото за песната „Alone“.

18 - годишната пејачка и ТикТок ѕвезда објави преубаво видео, во кое носи еднствена дијамантска креација, со потписот на Мајкл Костело.

Пред да биде објавено видеото, папараците успеале да уловат неколку кадри од снимањето, а потоа започнаа гласините дека Лорен е во врска со Тајлор Холдер. Иако беше на снимањето, во видеото има помала улога.

„Alone е моето омилено видео кое некогаш го имам снимено“ - рече Лорен веднаш по премиерата на видето.

„Знаев дека сакам да ја раскажам приказната која песната ја носи преку убава кореографија и визуелни ефекти и мислам дека направивме нешто магично“ - наведе ТикТокерката и пејачка и додаде дека се надевам дека на нејзините обожаватели, кои ги нареквуа ангели, ќе им се допадне ова.

Во продолжение погледнете го видеото:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: