ТикТок и Инстаграм ги злоупотребуваат нашите објави: На кој начин може да го искористат твоето селфи?
ТикТок и Инстаграм моментално се водат како најпопуларни апликации на светот! Меѓутоа, би требало да бидете и повеќе од внимателни со содржините кои ги објавуваме на тие социјални мрежи.
Корисниците на социјалните платформи во голем број случаи повеќе не размислуваат за работите кои ги објавуваат таму, а тие информации се и повеќе од корисни за кражба на личните податоци. Поединечни држави размислуваат за укинување на ТикТок па така се поставува прашањето - ЗОШТО?
Да започнеме со Инстаграм. На прв поглед делува како потполно опуштена и безопасна апликација чија примарна цел е водењето на сопствен профил во облик на поставување фотографии и видеа од нашиот живот, за некој со наши интереси и слично.
# Означување на локацијата
Најголем проблем се информациите „од нашиот живот“. Во поголемиот број случаи не размислуваме за информациите кои ги објавуваме, а истите може да бидат злоупотребени. Главен пример е локацијата. Објавувате фотографија, а на неа ставате и локација каде се наоѓате. Прифатливо е додека станува збор за општа локација како регион, општина или граф, меѓутоа проблеммот е кај точната локација од местото каде се наоѓате. Со тоа давате доказ на провалниците дека во тој момент не сте дома и дека тие може правилно да го „смислат“ планот за кражба во вашата куќа или стан.
# Адреса и број на мобилниот телефон
По ова следуваат личните информации како адресата или бројот на телефон. Во денешно време, намал проблем е да се дознаат сите информации за поранешните сметки во банка или слично, само со помош на адресата или бројот на телефон.
# Приватни и можеби непримерни фотографии
Потоа следуваат наизглед безопасните фотографии! Има многу случаи кога се украдени нечии приватни фотографии, а потоа се направени лажни профили со цел кражба на идентитетот или лажно претставување.
# Порака која би смеела да се појави во јавноста
Освен тоа, некои приватни пораки е попаметно да се разменат во живо. За што и да станува збор, макар и настаните на училиште, попаметно е да се разговара во живо. Живееме во свет на технологија што се ажурира со ненормално темпо и буквално сме фрлени во рацете на хакерите. Не знаете во какви ситуации може да се најдете, докулки ви ги прегледуваат старите пораки, па дури и да се избришани. Бидјеќи она што некогаш е објавено на Интернет - останува таму засекогаш.
Сите овие правила важат за ТикТок, но и за сите останати социјални мрежи.
ТикТок има малку поинаква политика околу личните податоци, бидејќи таму се објавуваат видеа во кои луѓето танцуваат популарни танцови и ги следат најновите трендови. Меѓутоа, потојат низа т.н. политички скандали на оваа апликација. Имено, кражбата на информации во поединечни држави може да ја доведе во прашање националната сигурност, па така во поединечни држави забраната на ТикТок е веќе воведена, додека во други се уште се преговара за истата. Во секој случај, сите наведени причина за Инстаграм, важат и за ТикТок. Кражбата на идентитетот делува безопасна затоа што „кој би ми ги украл на мене профилот и моите фотографии“, но претпазливоста е навистина препорачлива токму поради оние злобни луѓе кои можат да ги злоупотребат таквите работи во секунда. Пред секоја објава, запомнете ја фразата: Она што не би го споделиле со странци во автобус не го ни објавувајте на социјалните мрежи.