TikTok има нова опција - но на корисниците не им се допаѓа: Ископираа друга позната социјална мрежа

TikTok има нова опција - но на корисниците не им се допаѓа: Ископираа друга позната социјална мрежа

Не е тајна или чудно што социјалните мрежи меѓусебно се копираат. Така Инстаграм одлучи дека повеќе не сака да биде Инстаграм, туку сака да биде ТикТок, а сега ТикТок ја ископира популарната социјална мрежа.

Секоја социјална мрежа ја сакаме и користиме поради некои работи кои се типични за неа, но кога ќе почне да копира други и ќе сака да биде нешто друго, почнува да ја губи својата функција. Многу луѓе се лутат затоа што Инстаграм станува се повеќе место за видеа, а не за фотографии како порано. Сега TikTok воведе нов додаток кој не им се допадна на корисниците. Јасно е дека го копираа BeReal и тоа никому не му се допаѓа.

Ако сè уште не користите BeReal, ја пропуштате вистинската забава. Малку се разликува од другите социјални мрежи бидејќи нема филтри и уредување фотографии. Слична е на Instagram, но е посебна поради една работа, нема филтри.

Сега TikTok станува BeReal. А нивните корисници сега можат да фотографираат во секое време од денот. Оваа нова опција се нарекува TikTok Now. Опцијата „Пријатели“ ја замениле со опцијата „Сега“, каде што ќе можете да споделувате случајни моменти од вашиот ден со вашите пријатели, пишува The Tab. Единствената разлика помеѓу BeReal и опцијата на TikTok ќе биде тоа што фотографиите и кратки видеа од 10 секунди може да се споделуваат на TikTok. Сепак, се чини дека оваа опција не им се допадна на корисниците и тие не се задоволни со новото дополнување.

Многу луѓе се согласуваат дека ова е бесрамно копирање и дека на TikTok навистина не му е потребен тој додаток.


извор:teen385

Можеби ќе ве интересира: