ТикТок сака да ја освои и музичката индустрија: Гигантот развива апликација за стриминг музика
Со оглед на тоа колку музиката е важен дел од ТикТок, воопшто не е изненадување информацијата дека компанијата ByteDance развива апликација за стриминг музика...
ByteDance, компанијата во чија сопственост е ТикТок, го регистрираше името ТикТок Music во мај, а новата апликација ќе им овозможи на корисниците да купуваат, слушаат, споделуваат и превземаат музика. Исто така, корисниците ќе имаат можност да креаираат, споделуваат и препорачуваат плејлисти, да ја коментираат музиката, а ќе биде овозможен и лајвстрим на аудио и видео содржини.
Познато е дека компанијата ByteDance веќе има искуство со стримингот музика. Во 2020 година ја пушти во употреба музичката стриминг апликација Resso во Индија, Бразил и Индонезија. Resso има некои од наведените функции кои се поврзуваат со апликацата ТикТок Music како можноста за креирање плејлисти, споделување на песни на социјалните мрежи и интеракција со заедницата која ја користи апликацијата, пренесува Klix.ba.
Покрај тоа, ByteDance дури го користи ТикТок за да ги привлече корисниците да го користат Resso. ТикТок апликацијата во Бразил има опција која ги пренасочува корисниците на Resso, со цел тие да може да ја слушнат целата верзија на песната која ги интересира. Овој потег помага во задржувањето на корисниците екосистемот на апликациите на ByteDance.
Resso имаше повеќе од 40 милиони корисници месечно во Индија, Бразил и Индонезија до ноември 2021 година, а тој број денес најверојатно е зголемен. Порано оваа година се појави информацијата дека бројот на активни корисници во Индија на апликацијата Resso пораснал за 304 проценти помеѓу јануари 2021 и јануари 2022 гоодина, додека Spotify забележал раст од 36 проценти во оваа земја во текот на истиот период.
Дали ByteDance ќе ја развива ТикТок Music на истата основа како и Resso или ќе понуди нешто сосема ново, засега не е познато.
фото: unsplash.com