ТикТок со нови рестрикции: Отсега строго ќе го казнува објавувањето на вакви видеа
Социјалната мрежа ТикТок пред неколку дена објави нови, построги прави кои се однесуваат на содржината од страницата „For you“...
Популарната социјална мрежа ТикТок објави построги насоки и правила кои ќе ја регулираат содржината на страницата „For you“, пишува „Bustle“. Тие правила се однесуваат на забрана на клевети, промовирање на пореметувања во исхраната и други однесуваат кои нанесуваат штета. Еве кои правила се донесени:
# Строги правила за говорот на омраза
ТикТок сега ги прошири своите забрани и во категоријата „идеологии на омразата“, па така сега ќе биде отстрането секое видео кои промовира клевета, мизогинија и секој обид за насилно „конвертирање“ на сексуална ориентација на една личност.
# Опасни предизвици и самоубиства
ТикТок и порано забрануваше некои вирални предизвици кои беа потенцијално опасни за оние кои ги изведуваат (на пример Milk Crate Challenge), а сега е создадена и посебна категорија под која публиката може да ги пријави ваквите опасни предизвици. Оваа категорија се вика „опасни предизвици и однесувања“. Под оваа категорија сега се водат и видеата кои промовираат самоубиство и самоповредување.
# Содржина која промовира пореметување во исхраната
Иако ТикТок веќе ги забрани содржите кои експлицитно промовираа пореметување во исхраната, овие упаства сега се проширени и на видеата кои промовираат прекумерно вежбање и видеа кои промовираат гладување што доведува до брзо слабеење.
Секоја содржина која промовира некој вид од ваквите однесувања, ќе биде автоматски отстранета и нема да може да се појави на страницата „For you“. Ако некоја личност често објавува содржини со кои ги прекршува овие правила, нејзиниот профил ќе биде отстранет и постои можност ѝ привремено да ѝ биде забранет пристапот до ТикТок.
За да се подигне свеста за опасните предизвици и однесувања што се појавуваат на оваа апликација, ТикТок одлучи да започне соработка со креаторите на содржини и да направи серијал кој ќе ја охрабри публиката да „запре, размисли, одлучи и дејствува“ кога ќе се соочи со потенцијално опасна содржина.
Значи, ТикТок всушност сака да ја поттикне публика и самата да ги воочи лошите однесувања и да учествува во нивното отстранување од јавноста. Што мислите вие за овие чекори кои се преземени за поголема сигурност на популарната социјална мрежа?
фото: CANVA