ТикТок воведе нова интересна опција: Следете го времето кое го поминувате на оваа социјална мрежа
ТикТок е една од оние апликации на која можеме да поминеме часови и часови без тоа воопшто да го забележиме. Секако, тоа и не е добро нашето ментално и физичко здравје, па ТикТок воведе опција со која можете да го ограничите времето поминато на оваа апликација.
Секој кој користи ТикТок знае колку е лесно да се изгуби чувството за време и сосема несвесно да поминете часови и часови пред екранот. Токму затоа, ТикТок воведе опција која ќе ви прикажува колку време сте поминале на оваа апликација и ќе ве потсети дека е време за пауза, пишува „Elite Daily“.
ТикТок ја воведе оваа опција на 9 јуни со цел да го промовира здравјето и благосостојбата на своите корисници, преку свесноста за користењето на мобилните телефони. Со оваа опција, можете да контролирате колку време трошите на ТикТок со поставување на потсетници кои ќе го прекинуваат користењето на оваа апликација и ќе ве натераат да обрнете внимание на нешто друго.
Исто така, сега постои „табла“ преку која можете да следите колку време поминувате на оваа апликација. Можете да видите колку часа поминувате на ТикТок секој ден, колку пати сте ја отвориле апликацијата, колку време сте поминале на ТикТок во текот на денот и колку во текот на ноќта...
Оваа опција можете да ја овозможите со кликнување на иконата на својот профил во долниот десен агол, потоа во горниот десен агол ќе кликнете на оконата со три цртички и ќе ја одберете опцијата „Settings and Privacy“, а потоа „Digital Welbeeing“. Потоа кликнете на „Screen Time Management“, поставете „time limit“ на онолку минути колку што сакате и кликнете на црвеното копче „Turn on“.
фото: unsplash.com