ТикТокерка откри дека 6 години не користела шампон: Се откажала од сите производи за коса и резултатите се крајно неочекувани
ТикТокерка откри дека 6 години не ја измила косата со шампон...
Можете ли да замислите повеќе од неколку дена да не ја измиете косата со шампон? И ние не би можеле.
Во најмала рака, делува нехигиенски, но и беспотребно е да се откажуваме од производот кој толку години е присутен во нашата рутина.
Меѓутоа, поборниците на методот „no poo“ во потполност се откажаа од оваа секојдневна рутина, одлучувајќи се за природни методи со кои ја одржуваат косата чиста.
Лаура Ешли тврди дека странците често ја опсипуваат со комплименти поради својата долга и кадрава коса, признавајќи дека нејзината тајна не лежи во ниту еден корпоративен козметички производ. Лаура всушност признава дека не користела шампон 6 години и дека наместо него едноставно само ја чешла косата пред да ја измие со вода.
@veggieshredder And I’m here to give u all the tips !! #howto #selfcare #selfcareroutine #healthy #vegan #healthyliving Sensational - tha_boys1
Сигурно ова не им е привлечно на сите, но Лаура верува дека нејзината коса сега е многу поздрава отколку кога би користела прозивод за нега. На својот ТикТок профил раскажа дека добива многу комплименти за својата коса, а напомена и дека нејзината коса нема непријатен мирис како што многумина мислат.
„Еднаш неделно ставам маска за коса. Мојата коса е измиена, само не ја третирам со шампон или регенератор. Значи, не е дека не ништо не ставам на косата - тоа е голема заблуда која луѓето ја добија од видеата“.
@veggieshredder Just having a hair appreciation moment #haircare #hairroutine #naturalhair #naturalhairtiktok original sound - Laura Ashley
Бидејќи е заинтересирана за сите начин на здрав живот, Лаура започнала со оваа рутина за коса откако преку Интернетот дознала за „no poo“ методот на миење коса. Како што објасни, за неа тоа било „некој вид на DIY експеримент“ и почнала да се прашува дали е навистина потребно да се трошат пари на козметички производи за коса.
Лаура вели дкеа не троши 40 минути за средување на косата и откри дека нејзината коса сега е поздрава и дека побрзо расте. Прво косата ја миела со природна мешавина од сода бикарбона и оцет, а потоа сите производи ги отфрлила и косата почнала да ја мие само со вода, додека во истото време ја расчешлува.
Лаура својата одлука ја објаснува многу едноставно:
„Престанав да користам шампон од продавница, бидејќи има многу додатоци во него. Моето мислење е дека ако не можам да изговорам некоја состојка или не знам што е, треба да се обидам да го тргнам од употреба тоа. Нема шанси сите да сме живееле сево ова време и одеднаш на сите да ни треба корпоративен шампон со 50 состојки“.
фото: Принтскрин / Инстаграм