Тинејџер го продал бубрегот за да си купи „Ајфон“: Кажа дека на никој не му се потребни два, а еве што му се случило

Тинејџер го продал бубрегот за да си купи „Ајфон“: Кажа дека на никој не му се потребни два, а еве што му се случило

Објавена во: Живот // Живот

„Зошто ми е потребен вториот бубрег? Еден ми е доволен“ - кажа Ванг Шангкун

Уште во 2011 година, тинејџер од Кина го продаде едниот бубрег за да си купи најнов „Ајфон“ уред. Тогаш 17-годишниот Ванг Шангкун го продаде на црниот пазар за 3.273 американски долари, а парите ги искористи за да си купи „iPad 2“ и „iPhone 4“. 

„Зошто ми е потребен вториот бубрег? Еден ми е доволен“ - кажа Ванг Шангкун тогаш, според „The Epoch Times“.

За жал, сега 27-годишното момче е врзано за апарат за дијализа и најверојатно доживотно ќе остане прикован за кревет, бидејќи има проблеми поради недостатокот на бурберг. Набрзо откако го продал десниот бубрег, Ванг кажал за „China Network Television“ дека сака да си купи iPad 2, но дека немал доволно пари. Агентот за органи го пронашол на Интернет. Набрзо потоа, Ванг имал нелегална операција во централната провинција Хунан, со цел вадење на десниот бурбер, кој ќе биде испорачан до непознат примател. Дури кога се вратил дома со своите нови Apple уреди, неговата мајка почнала да се сомнева и го приморала да признае. Деветте личности кои биле вмешани во операцијата биле уапсени, а пет се обвинети за намерна трговија со органи.

Во рок од неколку месеци, Ванг добил инфекција во својот преостанат бубрег, благодарение на нехигиенскиот третман за време на операцијата и недостаток на посоперативната нега за која се сметало дека е причинител. На крајот органот кој му останал откажал. Сега неговата состојба е толку тешка што е прикован за кревет и има потреба од секојдневна дијализа за неговата крв да може да се исчисти од токсините кои неговиот преостанат бубрег повеќе не може да ги поднесе.

Кина во 2007 година ја забрани трговијата со човечки органи, но јазот помеѓу бројот луѓе на кои им е потребна трансплантација бројот на донори го храни големиот црн пазар.

фото: unsplash.com

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: