Тинејџер си играл со петарди, па останал без прсти: На родителите им се заканува казна

Тинејџер си играл со петарди, па останал без прсти: На родителите им се заканува казна

Објавена во: Живот // Живот

На тринаесетгодишно момче од Трнбус кај Омис, кое си играло со петарди во трпезаријата, лекарите морале да му ампутираат три прста. На неговите родители им се заканува парична казна до 3.000 куни, а полицијата предупредува на опасностите од пиротехниката.

„Петардите не се играчки“ - порачува сплитската полиција.

Како што соопштија од полициската управа Сплит - Далмација, завчера попладне во областа Омис, едно дете било повредено поради активирање на неидентификувана пиротехничка направа. Му била укажана лекарска помош во болницата во Сплит и била констатирана тешка телесна повреда, а во тек се полициски истраги. Слободна Далмација дознава дека станува збор за тринаесетгодишно момче од Трнбус кое си играло со петарди во трпезаријата, а лекарите морале да му ампутираат три прста.

Полицијата потсетува дека законот предвидува и казни за родителите. Имено, ако дете под една година користи питотехнички средства, неговите законски старатели може да бидат казнети со парична казна од 1.000 до 3.000 куни.

Извор: srednja.hr


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: