Тинејџерите повеќе го сакаат Јутјуб, Фејсбук испадна од игра!

Тинејџерите повеќе го сакаат Јутјуб, Фејсбук испадна од игра!

За само неколку години, Фејсбук од првото место на најомилена медиумска платформа во САД, сега падна на четвртото место. Неговата позиција ја зазема долгогодишниот конкурент Јутјуб, покажува последното истражување на агенцијата Pew Research Center.

Помеѓу останатото, најновото истражување покажа дека 45% од испитаниците на возраст од 13 - 17 година „скоро константно“ се на интернет. Во споредба со истражувањето од 2014 - 2015 година, таа бројка се удвоила.

Новите податоци покажуваат дека поголемиот број тинејџери имаат паметни телефони. Околу 95% од нив поседуваат или имаат пристап до паметен телефон, за разлика од 2014/2015 година кога биле 73%.

Овие податоци исто така даваат одредена тежина на се поизразената загриженост дека социјалните мрежи и паметните телефони доведуваат до пораст на психичките проблеми поврзани со прекумерната употреба на интернет - што подразбира и одредени облици на зависност.

Според најновото истражување, 85% од припадниците т.н. Генерација З (13 - 17 години) користи Јутјуб. Веднаш зад Фејсбук е Инстаграм со 72%, следни Снепчет со 67%. На четвртото место е Фејсбук со 51% и Твитер го користат 32% корисници.

Истражувањето покажало одредена разлика зависно од полото, етничната припадност и социјалниот статус на испитаниците. Така поголемиот број девојчиња се изјаснија дека најчесто ја користат Снепчат апликацијата (42% на 29%), додека кај момците наомилена апликација е Јутјуб (39% на 22%).

Можеби ќе ве интересира: