Тинејџерка е алергична на вода: Не може да плаче или да се тушира поради болните осипи што ѝ избиваат кога течноста ќе ја допре нејзината кожа

Тинејџерка е алергична на вода: Не може да плаче или да се тушира поради болните осипи што ѝ избиваат кога течноста ќе ја допре нејзината кожа

Објавена во: Живот // Живот

Кога врне дожд има чувство како да ја полеваат со киселина...

На Абигејл Бек (15) од Тусон, Аризона, дури минатиот месец ѝ била дијагностицирана аквагена уртикарија, а симптомите за првпат ѝ се појавиле пред 3 години. Тинејџерката алергична на вода тврди дека не може да плаче или редовно да се тушира, бидејќи добива болен осип од водата.

Оваа исклучително ретка состојба, која се проценува дека влијае на еден од 200 милиони луѓе, предизвикува осипи, кога кожата на пациентите ќе дојде во контакт со вода.

Абигејл кажа дека кога врне или се тушира, чувствува како да ја полеале со киселина, па затоа се капе еднаш на два дена.

Таа не пиела вода повеќе од една година, бидејќи тоа ѝ предизвикувало повраќање. Наместо тоа, се држи до енергетските пијалоци или сокот од калинка, кои имаат помалку вода.

Докторите ѝ даваат специјални апчиња за рехидратација и размислуваат за давање на редовни инфузии преку кои ќе внесува течности во организмот.

Абигејл првпат ги доживеала болните симптоми во 2019 година, кога имала 13 години, на почетокот на пубертетот. Имено, оваа ретко состојба најчесто се појавува во тој период од животот.

Причината за истата не е јасна, но се смета дека би можело да биде како последица од состојките во водата кои предизвикуваат имунолошки одговор. Повеќето случаи се јавуваат случајно, без семејна историја на такво нарушување.

Бидејќи состојбата е многу ретка, многу малку се знае за тоа како е најдобро да се лекува.


Тинејџерката го одложувала одењето на лекар од страв дека докторите ќе помислат дека е „луда“ и дури оваа година собрала храброст за тој чекор.

„Требаше да помине долго време за да се постави дијагнозата. Со текот на времето, ситуацијата почна да се влошува. Кога врнеше, многу ме болеше, како по мене да паѓа киселина. Мислев дека е нормално, па ја прашав мајка ми дали го чувствува дождот како киселина, а таа ми рече „не“.

Неодамна ја прашав мајка ми дали се сеќава дека сум ја прашала тоа и зошто не помислила дека нешто не е во ред. Таа ми одговори дека мислела дека тоа се некои детски фантазии.“ - раскажа девојката.

На почетокот мислела дека нешто не е во ред со водата во нејзината куќа или дека можеби имала реакција од лосионот за тело.

Но, со текот на времето, нејзините симптоми се влошувале и таа сфатила дека другите луѓе не страдаат како неа.

Состојбата целосно ѝ го уништува животот - не ѝ дозволува да се тушира, да вежба, па дури ни да плаче.

„Моите сопствени солзи предизвикуваат реакција и лицето ми поцрвенува и многу ме пече. Плачам како нормален човек и ме боли. Солзите се едне од најлошите делови од тоа, бидејќи кога плачете, вашите солзи не би требало да ја запалат вашата кожа“ - вели Абигејл, која додаде:

„Ова управува со мојот живот, а јас тоа не го сакам. Повраќам ако се напијам вода, многу ме болат градите и срцето почнува да ми чука забрзано“.

Може да пие вода само во многу мали количини и во исто време да зема и антихистаминици и стероиди за да ги држи реакциите под контрола.

фото: unsplash.com

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: