Tинејџерка го освои светот: Наместо „тренди“ фустан, за матура ја облече венчаницата на мајка си!
18 - годишната Британка Трифти Грејс Џејс неодамна семејството и пријателите ги воодушевела со необичниот избор за матурски фустан. Имено, таа одлучила „тренди“ фустанот да го замени со старата венчаница на мајка си. Интересно е тоа што мајка и не ни знаела дека девојката го позајмила фустанот од нејзиниот плакар.
Тинејџерката, на прв поглед се заљубила во белиот фустан со спуштени ракави. Раскажала дека и било бесмислено да купува нов фустан, кој најверојатно би го облекла само за таа ноќ. Тогаш уште еднаш се загледала во својот плакар, а кога не се појавило ништо интересно, одлучила да го провери во плакарот на мајка си.
Мајка и воопшто не размислувала дека венчаницата би можела да биде матурски фустан, а кога на денот на прославата ја видела ќерка си што носи, била пресреќна.
„Фустанот совршено се вклопува со мојата идеја што би сакала да носам и знаев дека тоа е тоа. Само мајка ми не беше сигурна, се додека тој ден не ме виде во неа“ - раскажа девојката, која додава дека и претставувало уживање што ја носи венчаницата, бидејќи таа истата била многу значела на нејзините родители.
„На сите им се допадна, бидејќи се разликуваше од останатите, а никој не веруваше дека тоа некогаш било венчаница“ - вели Грејс, која овој фустан го искомбинира со „ретро“ црвени високи потпетици и црвен кармин.
„Претпоставував дека на крајот ќе носи некој од многуте фустани кои ги има, па затоа се шокирав кога ја видов во венчаницата“ - раскажа гордата мајка за DailyMail, а изборот му допаднал и таткото, кој признава дека многу го изненадила одлуката на ќерка му да заштеди пари и да не купи нов фустан за матура.
Извор: 24sata.hr