Тинејџерки во Иран танцувале на светски хит, набрзо биле уапсени: Ги натерале да снимаат извинување на истото место? (ВИДЕО)
Видеото за брзо стана вирално, а полицијата ги искористила видеата од надзорните камери и ги испрашувала чуварите од стамбениот блок за да ги пронајде и уапси тинејџерките.
Во голем број земји, група тинејџерки кои јавно се снимаат за ТикТок додека танцуваат на песна од Селена Гомез би поминале незабележано. Но и во Иран, каде на жените им е забрането да танцуваат во јавност и каде носењето на хиџаб е задолжително.
Токму овој срамен чин го виделе властите и упсиле 5 тинејџерки, а потоа ги натерале да снимаат видео во кое истакнуваат дека се каат поради својата постапка, пренесува „La Repubblica“.
Тинејџерките видеото го снимиле на 8 март, на Денот на жената, танцувајќи пред зграда во предградието Техеран, на песанта „Calm Down“ од Селена Гомез и нигеријскиот пејач Реме.
На видеото тие носат кратки маици, додека ниту една од нив не носи хиџаб - двете работи се илегални според иранскиот закон.
@thedriman #dance #dancing #calmdown Calm Down - Rema
Видеото набрзо стана вирално, а полицијата ги искористила видеата од надзорните камери и ги испрашувала чуварите од стамбениот блок за да ги пронајде, пренесува „Fox News“.
Според пишувањата на медиумите, властите на крајот ги идентификувале и уапсиле тинејџерките. Биле во притвор околу 48 часа.
Тие наводно биле приморани да се вратат на истото место каде го снимиле првото видео, за да снимаат уште едно во кое се каат за својата постапка. На второто видео носеле и хиџаб.
@la.repubblica Sono diventata famose in tutto il mondo le cinque ragazze iraniane che, a capo scoperto, hanno ballato sulle note di "Calm Down" di Rema e Selena Gomez davanti a due palazzoni grigi nel quartiere di Ekbatan a Tehran, in occasione della Giornata internazionale della donna dell'8 marzo. A seguito della provocazione contro il regime (in Iran alle donne è proibito ballare e scoprire il capo in pubblico), sono state fermate, trattenute per 48 ore e costrette a girare un video, nello stesso luogo del primo, in cui dichiarano di essersi pentite del loro gesto. Il loro video però è ormai diventato virale e ha portato tantissime ragazze iraniane a replicarlo: anche loro ballano "Calm Down" in casa o in strada, senza hijab, in segno di solidarietà. #iranprotests #iran #teheran #mahsaamini #CalmDown suono originale - la.repubblica
Но, наместо да делува како средство за „вразумување“, инцидентот довел до бран други кои го реплицирале оригиналното видео, танцувајќи на истата песна без своите традиционални марами за глава.
До инцидентот дошло по големите протести во Иран кон крајот на минатата година, по сомнителната смрт на Махса Амини во полицискиот притвор, која беше уапсена поради неправилно носење на хиџаб.
По нејзината смрт, жените беа снимени како ги палат своите хиџаби на улица и ги симнуваат во знак на протест против режимот во Иран.
фото: Принтскрин / ТикТок