Тинејџерската икона разменува нежности со синот на популарниот музичар: Од девојче израсна во згодна девојка (ФОТО)
Тинејџерската икона Мили Боби Браун беше уловена од папараците за време на одморот со момчето, синот на Џон Бон Џови, Џејкоб Бонџови.
Младата двојка разменувала нежности на палубата од јахтата, а потоа уживале во пливањето и пловењето на италијанскиот брег, кој секогаш е омилената летна дестинација за многу познати личности.
фото: Профимедиа
Мили своето згодно тело го покажа во костим за капење, додека нејзиното момче носеше шорцеви и светло сина маица.
фото: ПрофимедиаСе зборуваше дека Браун и Бонџови врската ја започнале минатиот јуни, кога тој објави заедничко стори, направено во автомобил.
„Најдобри пријатели засекогаш“ - напиша тогаш Џејкоб на објавата и додаде емотикон срце.
Од почетокот на врската, актеркат аи младиот Бон Џови често се појавуваат во јавноста и на свечени настани, а тој ѝ бил најголема поддршка на Мили во тешките моменти со кои се соочувала.
фото: Принтскрин / Инстаграм