Тоа беше детска љубов: Јелена Карлеуша искрено проговори за Бресквица и Војаж

Тоа беше детска љубов: Јелена Карлеуша искрено проговори за Бресквица и Војаж

Објавена во: Stars // Музика

Неодамна Јелена Карлеуша преку својот Инстаграм профил ја пофали Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, а сега за IDjTV откри со што оваа ѕвезда во подем ја купила и што ѝ се допаднало кај младата пејачка.

„Сè ми се допаѓа кај неа. Многу ми е убава, ми се допаѓаат нејзините песни, нејзината боја на глас, дури и нејзините фотографии. Сè што е поврзано со таа девојка ми е прекрасно, не можам да кажам дека нешто не ми се допаѓа кај неа. Нејзината последна песна е супер, тоа е нешто што моите деца го слушаат, а и нешто што ми се допаѓа и на мене. Девојката е на вистинскиот пат за да направи супер кариера. Таа е предводник на новите генерации, која си ја работи работата како што треба и мене ми се допаѓа. А, за почетокот е многу убава“ - кажа Карлеуша.

Со огелд на тоа дека за разделбата со Војаж се пишуваше многу, Јелена го кажа и својот став и откри како според неа влијаела разделбата на Бресквица.

„Тоа навистина не знам. За мене тоа е детска работа. Двајцата се деца и двајцата се на свој начин многу интересни. Мене и Војаж ми е супер. Јас го знам и неговиот татко. Одеше во исто училиште со мене, растеше во истиот крај како и јас. Ми се допаѓа Михајло и неговата боја на глас и сè што прави. Очигледно го допира нервот на младата генерација. Тоа е супер маркетинг, претпоставувам дека и на нив тоа им било болно и стресно, но такви се детските љубови. Брзо ќе го заборават и пребродат тоа. Се надевам дека ќе бидат пријатели, еден ден кога ќе пораснат, бидејќи сега се деца, но се многу слатки и двајцата. Не се свесни колку се посебни. Целата таа магија која ја имаат и зошто се издвоија токму они, затоа што имаат нешто што другите го немаат. Тоа е магијата, а таа магија и таа магична прашина е показател дека некој ќе биде ѕвезда и дека е роден за оваа работа. Инаку никој не би се интересирал за нивната врска, нивната разделба, а ниту за нивната музика“ - заклучи Јелена.

Целиот разговор со Јелена може да го погледнете во продолжение:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: