Тоа го правиш 100% погрешно: Откриј колку често треба да ги бричиш нозете!

Тоа го правиш 100% погрешно: Откриј колку често треба да ги бричиш нозете!

Најпрво, потполно не е добро да ги бричиш нозете. Но за оние кои се одлучивте да се избричите, веројатно сфативте дека вас никој не може да ве научи, како што учите преку своите грешки. Па, со помош на неколку дерматолози, ти ги даваме одговорите на сите ваша прашања поврзани со бричењето на нозете. Најверојатно тоа го правите погрешно цело време.

# Колку често треба да ги бричите нозете?

Покрај неколкуте секојдневни здравствени навики, навистина нема правило колку често треа да се бричите. Пред се, тоа зависи од тоа дали сакате да имате потполно гола кожа или сосема природни, неизбричени нозе. Не постои точен или погрешен одговор, тоа зависи од вашите желби. Според д - р Ариеле Наглер, дерматолог и доцент по дерматологија, тоа зависи од типот на влакната и нивниот раст. Колку брзо растат вашите влакна по бричењето? Имате ли супер дебели или тенки влакна?

# Во ред ли е да се бричите секој ден?

Иако дерматолозите не препорачуваат секојдневно бричење, доколку тоа е она што ви е подраго, тоа е сигурно се додека сте внимателни. „Не е опасно да се бричите секојдневно, но тоа може да ги иритира фоликулите на влакната, што може да предизвика реакција на кожата“ - вели д - р Мона Гохара, дерматолог со сертификат од компанијата Dove. Меѓутоа, доколку користите крема за бричење и бикчиња кои ви одговараат, а потоа темелно ги хидратизирате нозете, не би требало да имате проблеми од секојдневното бричење. Тоа зависи исклучиво за вашите желби.

# Како би требало да се бричите?

Иако не може да изгледа очигледно, првата работа е да се бричите под туш или во када или барем со многу вода. А колку водата е потопла, толку е подобро. „Топлата вода ги омекнува влакната и ги отвара порите, затоа бричењето под туш е најдобра опција“ - вели д-р  Ава Шамбан, исто така додава дека иделните услови за бричење се под туш и во када, бидејќи топлата вода ја загрева вашата кожа и ви дава мазна површина. Сувата површина може да се заглавува во бричот, а тоа би можело да создаде иритација во вашата кожа.

Што се однесува до техниката, тоа зависи од типот на влакната. Доколку имате навиткани влакна, д-р Шамбан вели дека е најдобро да ги бричите во насоката во која растат. Тоа значи дека треба да се бричите во насока од колената кон глуждовите. Од, друга страна доколку влакненцата ви се рамни, д-р Шамбан препорачува бричење во спротивен правец од нивното растење - од глуждовите кон колената.

# Колку често треба да го менувате бричот?

Иако тоа зависи од тоа колку често се бричите, д-р Наглер обично препорачува 30 користења. Освентоа, доколку вашите влакна се густи, важно е да знаете дека вашиот брич побрзо ќе стане тап. Доколку сте премногу мрзеливи за да го забележувате бројот на употреба, добар показател е тоа што веќе морате да поминете неколку пати со бричот за да дојдете до мазна кожа.

# Како може да го спречите растењето на влакната?

Колку повеќе остричи има бричот, толку е подобро бричењето, вели д-р Наглер. Меѓутоа, тоа значи дека е и поголема веројатноста дека ќе добиете повеќе влакна. „Доколку сте склони кон растење влакна, бричот со повеќе острици не е најдобар избор за вас“ - додава таа.


Извор: seventeen.com

Можеби ќе ве интересира: