Тоа го применувам со мојот партнер: Анастасија Ражнатовиќ не се радува на празничните подароци и за тоа има причина
Анастасија Ражнатовиќ ги откри своите желби за следната година и во таа прилика објасни зошто не е љубител на празниците подароци.
Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ ужива во новиот луксузен стан во кој неодамна се всели со своето момче Ѓорѓе. Таа на своите следбеници им покажа како го украсила домот за празниците, а многумина останаа воодушевени од глетката.
Сепак, пејачкта признава дека не е љубител на празничните подароци. Истканува дека сака да ја изненадува саканата личност кога ќе го посака тоа, а не затоа што тоа го наложува некој датум. Во Новата година сака само здравје.
„Поради целата оваа ситуација околу короната, би сакала на сите да им посакам да бидат психички силни, да бидат здрави и секако, да се вакцинираат. Сакам што побрзо да се спасиме од оваа болест и конечно да работиме и да се движиме онака како што сакаме“ - откри пејачката за „Блиц“.
„Ја немам таа традиција со своите блиски да си купуваме подароци, само за овие датуми, кои општеството ги наложува. Купувам и добивам подароци кога чувствувам потреба за тоа, како и тие, кога ќе видат дека на мене нешто ми се допаѓа и обратно. Тоа го применувам и со мојот партнер, не придаваме важност на таквите датуми, ниту на годишнините.
Така што, секогаш кога ќе видам дека нешто му се допаѓа, или тој на мене, си купуваме подарок еден на друг, што е секако почесто отколку кога се годишнините и останатите работи во прашање“ - вели Ражнатовиќ, кога се осврна и на односот со својот брат Вељко, како и на улогата на тетка.
„Сè му е интересно! Тој дефинитивно е најубавата работа која ни се случи. Беше ова година на славење, сè беше во период од една недела, но секогаш е убаво кога постои убав момент и повод за славење“ - раскажува Анастасија, па продолжува:
„Мојот однос со Вељко е супер, како и секогаш. Иако тој е постар од мене, вистина е она што велат дека жените побрзо созреваат од мажите. Секако, тој сега е многу посериозен поради семејството, но ние секогаш сме биле блиски и така ќе остане“.
фото: Инстаграм