Тој е доктор по науки и никогаш не се појавува во јавноста: Како изгледа таткото на Николија? (ФОТО)
Пејачката Весна Змијанац од бракот со Влада Јовановиќ ја има ќерката Николија...
Весна Змијанац е една од најпопуларните пејачки, кога е народната музика во прашање, а своевремено беше и една до најзгодните и најпосакуваните.
Пејачката ја има ќерката Николија која тргна по нејзините стапки, а таа со својот партнер Реља Поповиќ има две ќерки.
Првиот сопруг на Весна и татко на Николија е Влада Јовановиќ, доктор по економски науки, кој никогаш не сакал да биде медиумски експониран. По разводот од Весна, Влада повторно се оженил и во вториот брак добил уште две деца, ќерката Теодора и синот Лука.
Интересно е што своевремено работел и како директор на РТС, а никогаш не го сакал медиумското внимание, па му пречело тоа што и Николија решила да стане пејачка.
„Мојот татко е „алергичен“ на сѐ што има врска со шоу-бизнисот, уште од перидот кога бил со мојата мајка. Тој како доктор по науки не би ме советувал да се занимавам со пеење“ - кажа порано во една прилика Николија.
Еден од ретките моменти кога јавноста можеше да го види Влада е кога по првото породување на Николија, беше во болница да ги посети ќерката и внуката.
фото: Принтскрин / Инстаграм