Тој е нејзиниот херој: Мартија му приреди роденденско изненадување на татко ѝ

Тој е нејзиниот херој: Мартија му приреди роденденско изненадување на татко ѝ

Објавена во: Музика, Семејство

Младата пејачка Мартија Станојковиќ вчеравечер имаш настап во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, каде што го отпеа евергринот „Признавам“, но и песната „Ако згрешам нека изгорам“. Видеата од нејзината изведба на Интернет ги сподели нејзината мајка, која не можеше да сокрие дека е горда на својата наследничка.


Но, она што на сите им го привлече вниманието во текот на вчерашниот ден е тоа што неколку часа пред настапот, пејачката на Инстаграм му го честиташе роденденот на нејзиниот татко. Таа сподели фотографија на која напиша „Среќен роденден на мојот херој“.

А, со оваа фотка не заврши честитањето на роденденот, бидејќи Мартија на својот татко му приреди изненадување кое долго ќе го памети. Имено, таа седната на скали во влезот од зградата му ја отпеа „Ако згрешам нека изгорам“. Овој гест разнежни многу корисници на социјалните мрежи.


Објавена во: Музика, Семејство

Можеби ќе ве интересира: