Тој е син на легендарната пејачка Шер: Се појави фотка како изгледал пред промената на полот (ФОТО)

Тој е син на легендарната пејачка Шер: Се појави фотка како изгледал пред промената на полот (ФОТО)

фото:instagram/profimedia

Чез Боно, единственото дете на познатата пејачка Шер и Сони Боно, иако е роден како девојче, денес и официјално е маж.

Синот на легендарната Шер, 53-годишниот Чаз Боно e забележан во Лос Анџелес само неколку дена откако неговата мајка ја потврди својата нова романса со музичкиот продуцент Александар Едвардс, 40 години помлад од неa.

фото:profimedia

Чез е роден како Chastity и стана маж во 2012 година.

Шер го родила својот син откако доживеала четири спонтани абортуси и еднаш призна дека на почетокот тешко се справувала со неговата промена на полот.

Шер (76), која долги години е страствен поддржувач на ЛГБТ заедницата, во интервју за Си-Ен-Ен раскажа колку ѝ било тешко кога го слушнала стариот глас на транс синот преку телефонската секретарка, но била среќна кога сфатила дека нејзиното единствено дете е посреќно од кога било поради промената на полот.

Чез решил да го промени полот во 2009 година кога сфатил дека е маж заробен во женско тело. Официјална потврда за промената на полот добил во 2012 година и оттогаш во сите документи е наведен како маж.

фото:profimedia / Чез пред транзицијата во маж

За проблемите со кои се справувал пред операцијата, тој за првпат зборуваше отворено во шоуто на Опра Винфри во 2011 година.

фото:profimedia

"Животот беше многу тежок пред операцијата, особено кога поминував низ пубертетот. Не знаев како да ги оправдам туѓите очекувања и се чувствував како сопственото тело да ме издава. Од атлетски градена девојка станав жена со облини и тоа ме плашеше“, рече тој.

По трансформацијата, Чез долго време се бореше со вишокот килограми, но денес е задоволен од својот изглед.

извор:zena.blic

Можеби ќе ве интересира: