Тој е супер момче: Цеца пресреќна со новиот зет, а ова го мисли за преселбата на Анатасија
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ призна дека е задоволна од новото момче на нејзината ќерка Анастасија.
Taa неодамна го запозна фудбалерот Немања Гудеља кој се забавува со Анастасија, па откри колку ѝ се допаѓа.
- Тој е одлично момче, како и целото негово семејство, фала Богу. Најважно ми е што Анастасија е среќна и максимално ќе го почитувам секој нејзин избор и секој избор на Вељко. Нивниот приватен живот е само нивна работа и не сакам да се мешам. Ниту мене другите не ми се мешаа во изборите - вели пејачката и додава дека не би имала ништо против ако нејзината ќерка се пресели во Гудељ во Шпанија:
- Нека живее каде сака, што имам јас со тоа? Таа е возрасна, има 24 години, сама се издржува. Ниту Шпанија не е толку далеку, само неколку часа со авион од Белград.
Извор: www.telegraf.rs