ТОНИ ЗЕН:„За да играм кошарка, еднаш од училница бегав низ прозорец!“
Оваа недела на тинејџерските години се потсетува хип-хоп музичарот Тони Зен.
Познатиот рапер учел во ОУ„ Ѓорѓија Пулевски“, во населбата Аеродром во Скопје и како што откри во едно интервју како тинејџер обожавал да игра кошарка.
„Во основно постојано играв кошарка, затоа и по завршување на средното образование се запишавна Факултетот за физичка култура. Да не се повредев веројатно ќе продолжев да се занимавам со спорт. Денес одвреме-навреме играм кошарка, но најмногу скијам и планинарам“, откри Тони во едно интервју.
Тој се потсети на
успешните денови поминати на училиште и на периодот кога активно се занимавал
со кошарката.
„Со нетрпение чекав да дојде часот по физичко, играв кошарка за училиштето и ние спортистите бевме привилегирани, можевме да си заминеме од час и да одиме на тренинзи. Најчесто си одевме од 5. и 6. час за да имаме повеќе време за игра. За да играм кошарка, еднаш од училница бегав низ прозорец, ме фатија и повеќе не ми се повтори тоа“, се сеќава Тони.