Топ 10 совети за сите почетници на играта Fortnite: Што е најважната работа која мора да ја имаш на ум?
Најважната работа која мора да ја имаш на ум доколку сакаш да ја совладаш Fortnite и да станеш најдобар е вежбањето! Вложи време во играњето на овие игри!
Сакаш да се впуштиш во авантурата на играта Fortnite? Реши да откриеш еден сосема нов свет за истражување и забава? Првата, најважна работа која мора да ја имаш на ум доколку сакаш да ја совладаш Fortnite и да станеш најдобар е вежбањето! Значи, по запознавањето со движењето, борбата и правилата за играње вложи, треба да вложиш време во играње на оваа игра. Потребно е да ги навикнеш прстите да реагираат махинално и доволно брзо! Така најдобро ќе го совладаш другиот играч!
Играта Fortnite е поделена на два режима:
# Bаttle Royale: 100 играчи се борат еден против друг на една голема мапа и на крајот останува само еден преживеан, кој воедно станува победник. Постои можност за играње во тимови. Ова можеш да го играш бесплатно.
# Save the World: Од еден до четири играчи во тим се борат против нападот на зомби завршувајќи мисии. Ова се наплаќа 39,99 долари за Стандард верзија, а 59,99 долари за Делукс верзијата.
Дали доволно те заинтригиравме да продолжиш да читаш и да се запознаеш со суштината на Fortnite? Веруваме дека да!
Потребни спецификации на системот
Пред да почнеш со преземање и инсталација на играта Fortnite, потребно е да се запознаеш со потребните минимални спецификации за отварање на играта:
# Оперативен систем: Windows 7/8/10 64-bit
# Процесор (CPU): Core i3 2.4 Ghz
# Меморија (RAM): 4 GB
# Графичка картица (GPU): Intel HD 4000
За поквалитетни перформанси и графика потребни ви се следните препорачани спецификации за системот:
# Оперативен систем: Windows 7/8/10 64-bit
# Процесор (CPU): Core i5 2.8 Ghz
# Меморија (RAM): 8 GB
# Графичка картица (GPU): Nvidia GTX 660 или AMD Radeon HD 7870
Поставете контроли
Во зависност од тоа која игра порано ја имаш играно, најверојатно си навикнат на основните контроли кои се општи за повеќе игри (клекнување, брзо трчање, репетирање). Она што ти советуваме е веднаш да си ја олесниш работата и да играш онака како што тебе ти одговара.
Во играта Fortnite, копчињата кои се потребни за изградба се веќе поставени на копчињата F1, F2, F3, F4. За некои играчи оваа поставка не е пријатна и не им одговара. Затоа поголемиот број од нив контролите за градење ги ставаат на дополнителните копчиња на „маусот“ и на буквата Q.
Што се однесува до „маусот“, обиди се да ја намалиш чувствителноста (sensitivity). Ќе ти биде потребно малку повеќе време додека да се навикнеш, но ќе ти помогне за полесно и подобро да центрираш. Секако, на крајот секогаш на тебе останува како ќе играш.
Слетај на вистинското место
Со оглед на тоа дека останатите играчи едвај чекаат да слетаат на земја, логично е дека повеќе противници ќе ги најдеш на почетокот и близу патот по кој оди автобусот. Токму тука, каде што е најголемата гужва, немаш многу време за собирање на материјал и оружје, а и поголема е шансата за противникот да ти пријде зад грб. Избегнувај ја оваа стратегија и потруди се да слеташ на врвот од зграда или куќа. Целта е да победиш, не само да играш.
Научи да се бориш
Доколку си почетник во оваа игра, најдобро нешто што можеш да го направиш е да се вклучиш во што повеќе борби! Иако тоа значи дека ќе биде емилинирај многу пати, ќе научиш многу „финти“ кои подоцна ќе можеш да ги примениш. Повеќе борби, повеќе искуство, а подоцна и повеќе победи. Тоа е целта, зарем не?
Не заборавај на оружјето
Првиот приоритет во играта Fortnite е секогаш да земеш оружје во раце. Не прескокнувај ништо во раните фази и запамети, било кое оружје е секогаш подобро од ниту едно. Дури и кога ќе ти се укаже можност да го испробаш секое оружје и така да сфатиш кое ти лежи, занемари го тоа, туку за почеток потруди се да запаметиш како се дели оружјето. Потојат 5 категории:
# сива (uncommon)
# зелена (common)
# сина (rare)
# виолетова (epic)
# златна (legendary)
Од категориите зависи брзината на репетирање или опсег.
Доколку успееш да го убиеш другиот играч, не заборавај да го собереш пленот кој останал. Никако не се залетувај да го земеш неговото оружје. Но запамети, не смееш долго да се мислиш околу тоа што ќе земеш, бидејќи тогаш ќе станеш лесна мета за сите противници кои се околу тебе. Не им ја олеснувај работата на „непријателите“.
Мапа и бури
Еднаш кога автобусот ќе стигне до крајот на своето патување, точно една минута подоцна, ќе се појави круг на мапи. По неколку минути, бурата ќе започне да ја пополнува мапата и да се намалува кон кругот, поттикнувајќи ги играчите да се движат кон исток. Иако е можно да се преживее и надвор од кругот, во случај бурата да те стигне потруди се што порано да стигнеш до безбедната зона.
Гради, гради, гради
Во играта Fortnite градењето ти помага да се сокриеш од непријателите, ти дава време да размислиш и да го искористиш штитот или првата помош, во случај противникот претходно да те погодил, но и она најважното, ти овозможува да се искачиш на една висина погоре од противникот! Кога ќе ти успее тоа, ќе имаш подобар преглед над него, тој потешко ќе може да се крие и полесно ќе ти биде да го погодиш. Затоа градењето е важно.
Доколку научиш добро да градиш ќе има повеќе шанси да го елиминираш другиот играч и да стигнеш до Victory Royale. Веруваме дека знаеш дека градењето е карактеристично за Fortnite. Без овие совладани вешти нема да можеш да победуваш, верувај ни.
Има три вида на материјал кој можеш да го користиш за градење:
# дрво
# цигла
# метал.
Металот е најсилен материјал, потоа следува циглата, а на крај дрвото. Потруди се да изградиш повеќе кули и други структури, а што е најважно, биди брз во тоа.
Никогаш немој да стоиш во место
Биди константно во движење, скокај, изгради рампа па прескокни ја, импровизирај, направи го сето она што ќе ти текне, само немој да стоиш! Доколку застанеш, стануваш плен и лесна мета за противникот кој едвај чека да те „реши“ со еден метак. Додека трае пукањето со противникот, никако немој да стоиш во место. Испукај неколку куршуми, промени ја позицијата, па повторно примени го овој трик.
Користи слушалки додека играш Fortnite
Звукот е најважен кога си во борба на мало растојание. Оној момент кога веќе се запознаваш со градењето и стануваш вешт во тоа, ќе се случи ти и противникот во текот на борбата да градите еден околу друг. Токму во овие моменти е важно да знаеш каде твојот противник се наоѓа, за да не те изненади со напад.
Доколку се наоѓаш во некоја зграда и доколку сте на ист спрат, можеш точно да знаепш во која соба се наоѓа противникот во однос на тебе. Меѓутоа, доколку тој е на некој друг спрат, може да дојде до проблеми, бидејќи слушалките не даваат чувство за горе и доле. Но, постои начин да го одредиш тоа. Доколку се сомневаш дека тој е на спратот над тебе, спушти го нишанот надолу и гледај во подот. Во случај тој да е навистина над тебе, звукот на неговите чекори, додека си во оваа позиција, ќе се слушне. Токму во овие ситуации слушалките доаѓаат како прв помош.
Направи тим
Како голем број игри за повеќе играчи, Fortnite е иделна игра за забава со пријателите или соиграчите. Понекогаш е тешко да се остане мотивиран кога си сам и играш против 99 други играчи, особено затоа што шансите за победа во овој случај ти се помали. Наместо сам да ги губиш нервите, избери го другиот режим.
# два играчи во тим - duo
# тим од три или 4 играчи - squad
Твојата цел нека биде да пронајдеш посилни играчи, а тоа ќе ти успее само доколку си подолго време во играта и доколку внимателно ги следиш борбите кога си соло играч. Со текот на време се ќе ти се искристализира, па така и добриот тим по кој трагаш. Иако играта во тим на прв поглед делува хаотично, по некое време и вежба, ќе дојде на свое место.