Топ 10 совети за супер другарки или за оние кои допрва ќе станат
Во продолжение ги имате најдобрите совети за тоа како вашето пријателство да биде прекрaсно!
# Слушај што ти зборува! Немој да ја прекинуваш додека зборува и вниманието да го насочуваш кон себе.
# Доколку слунеш дека некој ја озборува, биди на нејзина страна и одбрани ја од злите јазици.
# Не дозволувај да те поттикнат да ја озборуваш најдобрата пријателка зад нејзиниот грб. Подобро кажи и во лице се што ти пречи. Повеќе ќе те цени.
# Немој без прашање да зимаш нејзини работи. Покажи и дека ја почитуваш и прашај ја да ти го позајми она што ти е потребно.
# Секогаш давај и поддршка, охрабрувај ја и верувај во нејзините одлуки. Доколку погреши, немој да ја потсетуваш на тоа. Сите грешиме, но во тие моменти на неа и потребно разбирање.
# Кога ќе видиш дека си и потребна, помогни и. Насмевката на нејзиното лице би требало да те радува.
# Никогаш немој да и се потсмеваш. Најмногу боли кога ти се потсмева личноста која ти е важна. Нејзиното семејство, момче или облека не би требало да бидат твоја или било чија тема за потсмевање.
# Доколку позајмиш нешто од неа, внимавај на тоа како да е твое и секогаш врати и го како што сте се договориле.
# Немој да и „ставаш сол на рана“. Нормално е помеѓу вас понекогаш да се појави ривалство и во нешто да си подобра од неа. Меѓутоа, тоа не значи дека затоа можеш постојано да се фалиш и на тој начин да ја омаловажуваш. Со таквото однесување би можела само да ја изгубиш другарката.
# И на крај, не заборавај дека единствениот начин да имаш пријател е и ти самиот да бидеш пријател.