Топ 15 Инстаграм профили со најмногу следбеници: Кои е најплатениот во моментов?

Топ 15 Инстаграм профили со најмногу следбеници: Кои е најплатениот во моментов?

Се разбира, оваа листа е полна со познати личности, единственото прашање е кои...

Овој редослед се менува секоја година, но повеќе или помалку, истите имиња секогаш се вртат, само што понекогаш тие го менуваат редоследот. Инстаграм профилот кој има најмногу следбеници гордо ја чуца таа титула со години, а никој не е ни близу за да го престигне.

На сите овие профили следбениците се бројат во стотици милиони! Без разлика дали луѓето ги следат затоа што ги сакаат или само ги интересира што се случува во нивните животи, познатите личност се оние чии профили се претежно на ваквите листи, но има и некои профили кои не припаѓаат на познати личности. Додека повеќето од нив немаат некои посебни објави, сите нè интересира што следно ќе објавуваат и затоа ги следиме. Кој успеа да се избори и да се најде во топ 15 најследени профили на Инстаграм во моментов? 

# Џенифер Лопез - 143 милиони следбеници

Најмалку следбеници на оваа листа има Џеј Ло. Иако и нејзината бројка е импресивна, тоа не е ни близу до најследениот профил на Инстаграм.

# Нејмар - 146 милиони следбеници

Фудбалерот кој е светски познат е една од многуте познати личности кои ќе ги видите на оваа листа. Иако многумина од нас веќе заборавија дека тој постои, изгледа дека светот не го направи тоа.

# Тејлор Свифт - 148 милиони следбеници

На несреќното 13 - то место се најде Тејлор. Нејзините обожаватели се секогаш во исчекување околу тоа што следно ќе објави и дали ќе има врска со новата мзуика или ќе биде некоја фотографија од нејзините мачки. 

# Кендал Џенер - 153 милиони следбеници

Прва од трите сестри Кардашијан - Џенер на оваа листа е Кендал. Поточно, по бројот на следбеници таа е последна. Кои две сестри се пред неа?

# National Geographic - 153 милиони следбеници

И конечно еден профил кој не припаѓа на некоја позната личност. National Geographic има неверојатни фотографии, што не е ни чудно што има толку следбеници на Инстаграм.


# Џастин Бибер - 164 милиони следбеници

Ваквата листа не може да помине без Џастин. Благодарение на неговите следбеници, тој е на високото 10 - то место на оваа листа.

# Бијонсе - 166 милиони следбеници

На нејзиниот профил нема да најдеш селфи или фотографии од зајдисонце, туку само професионални фотографии кои изгледаат одлично. Не очекувавме ништо помалку од неа.

# Лео Меси - 186 милиони следбеници

Уште еден фудбалер кој се најде на оваа листа е Меси. Се смета за еден од најпопуларните фудбалери во светот, па затоа не е ни чудно што има толкав број на следбеници.

# Ким Кардашијан - 206милиони следбеници

Ким е следната сестра од кланот Кардашијан - Џенер која се најде на оваа листа. Позната е по своите селфиња, но изгледа дека сепак не ѝ се доволно добри.

# Селена Гомез - 212 милиони следбеници

Познатите целосно ја окупираа оваа листа, а еден од посимпатичните профили, кој заслужува волку следбеници е оној на Селена Гомез.

# Кајли Џенер - 217 милиони следбеници

Кајли е сестрата која води во своето семејство според бројот на следбениците на Инстаграм. Секогаш е во центарот на вниманието поради своите објави, некогаш од позитивни причини, но често има и негативни.

# Д Рок - 219 милиони следбеници

Д Рок успеа да ги победи сите инфлуенсери и да се искачи на високото 4 место. Тој истовремено е личноста која најмногу заработува од Инстаграм по спонзорирана објава.

# Ариана Гранде - 223 милиони следбеници

Третото место го зазема Ариана Гранде и нејзините често чудни објави.

# Кристијано Роналдо - 265 милиони следбеници

На второто место е уште еден фудбалер. Постои ли воопшто попознат фудбалер од Кристијано? Сите ќе се сложите дека не, а и Инстаграм го покажува тоа.

# Инстаграм - 387 милиони следбеници

И на број еден е самиот Инстаграм. Официјалниот профил на Инстаграм веќе со години е најследениот профил на оваа социјална мрежа, а дали некоја позната личност ќе успее да го надмине останува да видиме.

Можеби ќе ве интересира: