Топлината носи проблем со прекумерното потење: Топ 9 совети за девојките кои многу се потат

Топлината носи проблем со прекумерното потење: Топ 9 совети за девојките кои многу се потат

Објавена во: Мода // Moj стил

Ова барем малку ќе ти помогне...

Ти се случило ли кога ќе излезеш од дома и по само 10 минути да почне пот да капе од вас, на почетокот имаш дамки под пазувите, а шминката да ти се лизга по лицето. Доколку ова ти е добро позната ситуација, тогаш ова се совети кои треба да почнеш да ги применуваш ова лето:

# Ставај водоотпорна маскара

Стандардната маскара, во текот на летото замени ја со водоотпорна. На овој начин ќе спречиш да ти се преслекуваат трепките на капаците од очите.

# Одбирај маици кои се памучни

Заборави на материјалите како полиестер. Читај на етикетите колку памук има во парчињата облека кои ги купува. Во нив помалку ќе се потиш.

# Избегнувај сива облека

На оваа боја, дамките од пот се познаваат многу повеќе и повеќе доаѓаат до израз. Ако си некој кој многу се поти, во текот на летото избегнувај сиви маици и фустани.

# Чантата носи хартиени марамчиња со кои ќе можеш да ја избришеш потта

Само потапкај ги подрачјата каде ти се собира потта. Дури и ако имаш шминка, слободно можеш со суви хартиени марамчиња да ја избришеш потта.

# Избегнувај дезодоранси со интензивни мирис

Кога ќе се испотиш, тој ќе почне да мириса. Бирај ги оние неутралните и природни мириси и заборави на оние цветните и кои потсетуваат на мирис на парфем.

# Почесто менувај ги градниците и маиците

Ако облечеш облека која веќе еднаш била многу испотена, ќе почнеш да се потиш повеќе и ќе почнеш и да мирисат. Иако можеби ти делува дека маица не мириса, штом ќе почнеш повторно да се потиш, работите ќе се влошат. Истата ситуација е и со градниците.

# Немој да ставаш премногу шминка. 

Ако знаеш дека надвор е претопло и дека си некој кој многу се поти, тогаш во тие денови обиди се да ставаш што е можно помалку шминка. Сигурно не би сакала да почне да ти тече по лицето.

# Немој да пиеш алкохол и да јадеш многу лута храна

Од ова само ќе почнеш уште повеќе да се потиш. Наместо подоцна да се мачиш со потењето, исечи го проблемот од корен. Ови две работи можеш лесно да ги избегнеш и во текот на летото тоа треба да ти стане пракса.

# Со себе носи мал џебен вентилатор

Ако си девојка која многу се поти, немој да се мислиш дали другите ќе те гледаат чудно, ако додека се возиш во автобус си го извадиш својот мал вентилатор. Кога и да имаш прилика во текот на денот, извади го и вклучи го. Додека одиш по улица, додека се возиш во јавен превоз, додека си на кафе...

фото: siam.pukkato/Shutterstock

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: