Торта во пастелни бои и многу балони: Кики од „Дајте музика“ го прослави 14-от роденден (ВИДЕО)
Кики Мукаетова од тимот на најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“, кој ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија, вчера го прослави 14-от роденден.
По повод роденденот, организираше вистинска забава, а на нејзиниот профил може да се пронајдат неколку сториња на кои се открива дел од атмосферата. Роденденската торта на Кики беше во пастелни бои, а модната комбинација која одбра за најважниот ден во нејзиниот живот со сигурност ќе биде копирана од многу тинејџерки.
Имено, Кики за оваа прилика носеше бело мини здолниште, „оверсајз“ кошула и сандали со ременчиња.
Кики не е многу активна на Инстаграм, ретко споделува фотки, но дефинитивно гради супер стил, а веќе беше модел за тин-линијата на италијанскиот бренд за накит Ребека.
Инаку сите со нетрпение го очекуваат концертот на „Дајте музика“ кој ќе се одржи на 18ти јуни.
фото: Принтскрин / Инстаграм