Традицијата пристигнува од Германија: Кој го започна трендот на украсување на елката?
Во дворецот Виндзор, на воодушевување на неговата невеста со која се венчал во февруари 1840 година и сите присутни во замокот, принцот Алберт ги наполнил новогодишните елки. Сметал дека некои од неговите обичаи треба да бидат припитомени во Англија и не дозволувал никој да го отргне од оваа негова идеја.
Кралицата, неговата сопруга, по првобитниот шок го прифатила обичајот и така ги вовела германските обичаи во англискиот дворец.
Сликата од нив двајца пред елката набрзо го започна новиот тренд и луѓето започнале со масовно красење на елките. Англичаните веднаш посакале и тие во своите домови да имаат исто таква елка. Принцот Алберт наскоро започна со традицијата и голем број елки подари на училиштата.
За разлика од елките кои во Германија биле украсувани со јаболки и мандарини, принцот одлучи својата да ја украси со бомбони, хартиени цветови, панделки и ситни играчки.
Всушност, пред принцот Алберт, кралицата Шарлот, сопругата на принцот Џорџ III, 40 години претходно ги запозна Англичаните си красењето на елката, но Алберт и Викториа го популаризираа овој тренд.
Елката на Викториа беше многу сложено и богато украсена. Украсите вклучуваа бомбони од марципан, тврди бомбони, кекс, овошје, мали лимени војници, хартиени лепези, свирчиња, ореви и шумски плодови. Хартиените корпи биле полни со ореви, бомбини и други слатки работи.
Украсите кои го краселе домот, биле изработени од најразлични материјали, а децата често помагале во изработувањето на украсите.
Најпопуларниот украс без сомнеж бил ангелот со стаклени крилја, златна коса и фустан и лице од порцелан. Ангелите претставуваат викторијански идеал на детската невиност.
Инаку, новогодишната елка е германски изум од 17 век и тоа влече корени од паганската пракса на украсување на куќите со зелено во декември. Но, легендата вели дека Мартин Лутер уште во 16 век ја украсил елката со свеќи.