„Трагата на ѕверот“: Нова трилер серија ни ја открива другата страна на носталгијата по Југославија

„Трагата на ѕверот“: Нова трилер серија ни ја открива другата страна на носталгијата по Југославија

Објавена во: После „Школо“ // PR

Од продукцијата на Телеком Србија и продукциската куќа „Режим“ в сабота, 24 јуни на Суперстар каналот, дел од телевизиската програма на mSAT TV, пристигнува премиера на нова хит серија.

Трилерот „Трагата на ѕверот“ ни ја разоткрива приказната за перспективен новинар кој открива мрежа на скриени семејни тајни и комунистички злосторства известувајќи за свирепо убиство на истокот на Србија.

Дејството во серијата, која веќе е остварена и како филм, се случува во 1979 година кога истрага за едно свирепо убиство им ги вкрстува патиштата на амбициозниот репортер, Југослав и полковникот на УДБА, Благоје кој веќе брои денови до пензија.

Покрај сценариото исполнето со многу драма и неизвесност, дека гледачите може да очекуваат серија вредна за гледање ветува и одличната актерска екипа. Главните улоги се доверени на Предраг Манојловиќ кој го толкува ликот на Благоје, Радивоје Буквиќ како Југослав, Нада Шаргин како Соња и Милош Тимотијевиќ е Аљоша. Покрај нив, дел од екипата се и Драган Бјелогрлиќ, Милена Павловиќ, Милена Радуловиќ и многу други.

Првата епизода од серијата ќе се прикажува премиерно на Суперстар каналот што е дел од телевизиската понуда на mSAT TV, сателитската телевизија на МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата.

Повеќе за ексклузивните содржини кои се достапни преку mSAT TV и остантите услуги на МТЕЛ дознајте повеќе на mtel.mk.



ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: