Трансформациите на Милан Станковиќ: Сега изгледа сосема поразлично од времето кога беше во „Ѕвездите на Гранд“
Од русокос заводник до побожно момче...
Милан Станковиќ се прослави со учеството во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, кога освен со гласот, публиката ја освои и со својот уникатен изглед, а на неговиот шарм „паѓаа“ припадничките на понежниот пол.
Полни 14 години е на јавната сцена, а за тоа време имаше неколку трансформации.
Она што го издвојуваше од сите други е препознатливиот имиџ и стил на облекување. Руса коса и шишки на страна, уредно избричен, а штом се насмееше, неговите блескаво бели заби доаѓаа до израз. Едноставно, беше сон за секоја девојка, но неговото срце во тоа време, пред 13 години, го освои пејачката Радмила Манојловиќ.
Со текот на времето реши да го промени имиџот и русата коса ја офарма во малку потемна нијанса. Во тој период беше дел од жирито на „Ѕвездичките на Пинк“, а тогаш долгите шишки ги уредуваше малку поинаку и почна да ја пушта брадата.
Веќе некое време е во илегала и не се експонира во јавноста, а неговите верни обожаватели со нетрпение ја очекуваат секоја негова нова фотографија.
Според последните објави, тој повеќе нема шишки, косата му е подолга од вообичаено, скоро до рамена и има подолга брада. Многумина искоментираа дека пејачот сега води поинаков начин на живот и дека е многу побожен.
фото: Инстаграм