Трансформација која ги остави сите во неверување: Девојка пред и по шминкањето не личи на себе (ВИДЕО)

Трансформација која ги остави сите во неверување: Девојка пред и по шминкањето не личи на себе (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Четките за шминкање во нејзините раце создаваат вистинска магија...

Иако на социјалните мрежи сите се трудат да ги претстават најдобрите и најубавите верзии од себе, постојат и девојки кои не се плашат да го покажат своето лице без шминка, коса без средена фризура и тело без совршени пропорции.

Една од нив е и Џорди Ли (22), девојка од Англија која на социјалната мрежа ТикТок објавува видеа и го прикажува своето лице без шминка, со сите недостатоци кои многумина би ги сокриле.

Нејзините видеа се толку популарни, а на ТикТок ја следат повеќе од 725.000 луѓе. Покрај храброста да го покаже своето лице со сите мани, до израз доаѓа и нејзиниот талент за шминкање.

@jordynlyne Reply to @que3nmermaid Milkshake Showmusik Dance Mix - Showmusik Sounds

Иако многумина се воодушевени од трансформациите кои таа ги прави, постојат и такви кои не гледаат баш благонаклонето на нејзините промени.

Поради тоа што едвај личи на себе со шминка и без неа, многумина ја нарекуваат интернет измамничка, а има и такви со малку поостри коментари, па ја нарекуваат „чудовиште“.

За среќа, поголем е бројот на оние кои ја поддржуваат, а бидејќи таа редовно споделува видеа пред и по шминкањето, би се кажало дека критиките не ја погодуваат.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: