Трансформација поради која ќе ги протриете очите: Готичарка стана Инстаграм модел, ниту момчето не можело да ја препознае
Во коментарите на социјалните мрежи ѝ пишуваат дека е одлично тоа што видела дека постојат и други бои освен црната...
Готичарката, која на Инстаграм е позната како Vampryn, покажа како инаку изгледа, што ги шокираше сите оние кои ја следат. Всушност се вика Ерин, а третманот на трансформација го добила благодарение на веб серијата „Transformed“.
Таа во таа таа епизода потполно се трансформирала, од фризурата преку шминката до стилот на облекување. Така добила можност да види како би изгледа доколку е модел на Инстаграм.
Во видеото таа објаснува дека секое утро ѝ се потребни во еден до два часа да се подготви. Кога ја ставила русата перика и кога се средила како Инстаграм модели, не ѝ се допаднало она што го видела, па се вратила на стариот изглед.
На готичарите кои ја следат веднаш им олеснало, но и на нејзиното момче. Тој ѝ порачал да се пресоблече што е можно побрзо, бидејќи не можел да ја гледа во новото издание. И нејзината сестра останала шокирана. Таа во тој момент помислила дека не е истата личност.
„Изгледам како возрасна жена, не ми се допаѓа. Воопшто не ми се допаѓа“ - посочи Ерин. На социјалните мрежи многумина се сложија дека Ерин изгледа многу поубаво со руса коса и дека не би било лошо да го промени стилот. Како што стојат работите, изгледа дека таа нема да ги послуша - барем засега.
Во продолжение погледнете ја целата нејзина трансформација: