Трансформацијата на Милица Павловиќ: Како изгледаше пејачката на првата аудиција за „Ѕвездите на Гранд“? (ФОТО)
Првпат среќата ја проба на 12 години...
Пејачката Милица Павловиќ од мали нозе имала желба да стане музичка ѕвезда, а тоа што го наумила, денес го остварува. Имено, таа во 2003 година се појави на аудиција за „Ѕвездите на Гранд“, на само 12 години.
фото: Принтскрин / Јутјуб
Бидејќи тогаш немаше доволно среќа и не почна да се натпреварува, новиот потег го направи по 8 години, кога жирито навистина ја забележа. Павловиќ во 2011 година заблеска на сцената на Гранд и дојде до финалето, а денес е една од најбараните и најпопуларните пејачки.
фото: Принтскрин / Јутјуб
Она што е навистина забележливо е дека Милица ја претпочита природната убавина, а за разлика од нејзините колешки кои го имаат сменето личниот опис, таа и по една деценија на јавната сцена изгледа скоро па исто.
Евидентно е дека ја има променето фирузрата, а за естетски корекции во нејзиниот случај не е благодарно да се зборува, бидејќи тие се минимални. Третманите за лице ѝ помагаат секогаш да изгледа здраво, денес усните ѝ се малку пополни од порано, а останатата работа ја врши шминката.
Милика како и пред 11 години, има манекенска градба и понатаму е слаба, така што секое парче облека ѝ стои совршено.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб