Транспарентот на Бомбакис ја инспирираше: Мартија јавно покажа колку ја сака мајка ѝ (ФОТО)
Ја инспирираше Мартија да објави фотка со нејзината мајка...
Кристијан Станковски, на социјалните мрежи попознат како Бомбакис или момчето со картонски транспаренти е еден од најсподелувате ликови на социјалната мрежа Инстаграм. Неговите транспаренти секогаш испраќаат некоја важна порака, а последната во низата ја инспирираше и младата пејачка Мартија Станојковиќ.
Имено, таа додека се возела низ улиците на нашиот главен град, го забележала транспаретот на Бомбакис, на кој пишува „Сакајте си ги родителите“, по што веднаш сподели една емотивна објава.
Имено, на првата фотка позираат таа и нејзината мајка Снежана, за која младата пејачка во повеќе наврати има кажано дека ѝ најблагодарна на овој свет, додека на втората го има уловено транспарентот на Бомбакис.
Оваа објава за кратко време собра безброј лајкови и позитивни коментари, а со ова Мартија покажа и докажа дека ги почитува семејните вредности, но и луѓето кои ѝ го дале животот.
фото: Принтскрин / Инстаграм