Тренд кој го носат светските, но и македонските ѕвезди: Големите шноли од минатото се вистински „бум“
Деведесеттите години од минатиот век се познати по изненадувачката мода и мотото – „колку е поголемо, толку подобро”. Најголемата популарност несомнено им припаѓаше на модните додатоци за коса.
Дека овој тренд беше опсесија за сите, се потсетуваме и на принцезата Дајана, која беше една од првите што покажа дека шнолите дефинитивно не се само за помали девојки.
Денес едноставно не постои негирање дека модните додатоци за коса имаат огромен момент на камбек кај сите дизајнери, познати личности и инфлуенсери. Најдобрата работа во врска со тоа кога нешто се враќа во тренд е тоа што се враќа уште посилно и подобро, отколку што било порано.
Се сеќавате кога имавте по десеттина различни видови на шноли, украсни ластици и чешли за коса во вашите фиоки и организери и некаде на средината на 2000-те години не сте знаеле што со нив? Ако сте ги зачувале, сега тие се вратени назад и тоа со сила ги освојуваат најголемите трендови.
Светската сцена гори од овој бесен тренд. Хајли Бибер елегантна и во светкава варијанта, објавува фотографии со овие тренди украси за коса, додека Џенифер Лопез стилски секогаш ќе остане нескротлива, но и преубава во исто време.
Земете ја и за пример Ариана Гранде, позната по нејзините игри со различни аксесоари, каде што изгледот на косата и е секогаш тренди и свој.
И македонската тренд популација издвојува прекрасни модни комбинации и изненадувачки добро се носи со овој стил. Лила Филиповска во нејзината емисија блескаво се појави со повеќе бисерни украси во косата, додека Каролина Гочева со едноставни црни шноли изгледа неверојатно стилски и добро.