Трендот на кратката фризура е попопуларен од кога било: Еден тип на боб фризура е лелеав и идеален за пролет

Трендот на кратката фризура е попопуларен од кога било: Еден тип на боб фризура е лелеав и идеален за пролет

Објавена во: Мода // In and Out

Ако сакате промена во имиџот, тогаш ова е идеален предлог за вас...

Долгата коса секогаш изгледа атрактивно. Но, исто така таа може да биде тешка за одржуваме и со неа ќе трошите повеќе шампон, регенератор и на крајот време, додека ја сушите и доведете во ред.

Но, има нешто ослободувачки во кратењето на долгата коса. Сетете се само на сите ѕвезди кои ги скратија своите долги коси, од Џена Ортега, Зендаја, па до Хејли Бибер.

Иако сите должини на коса се подеднакво популарни, би можеле да кажеме дека трендот на кратки фризури штотуку го започна својот врв на популарност, а една кратка фризура е особено популарна.

Станува збор за т.н. „bubble боб“ каков што има ангелот на Викторија, Елса Хоск. Станува збор за боб фризура која изгледа лесно, воздушесто и е идеален избор за пролет. Овој тип на боб користи техника на повеќеслојна фризура. Од задната страна, оваа фризура е пократка и изгледа бујно, додека на едната и на другата страна на лицето се оставаат малку подолги прамени.

Покрај Елса Хоск, за „bubble боб“ се одлучи и Лори Харви, само што таа сака да го комбинира со длабок патец на страна, а за посебни прилики користи фигаро, па со таква коса добива гламурозна и ретро изглед.

Ваквата фризура е особено одлична за девојките со тенка коса, но и за сите оние кои долго време сакаат да го променат својот имиџ.

За да го нагласите волуменот на оваа фризура, ќе ви треба пена за обликување, спреј за заштита на врвовите од топлина, голема округла четка за коса и со неколку потези може да добиете одлична фризура со фен.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: