Трендот продолжува: Уште три училиште во Хрватска започнуваат со делење на бесплатни влошки и тампони за време на циклусот
Со својата иницијатива за делење бесплатни влошки и тампони на учениците за време на менструалниот циклус, училиштето од Вараждин ги охрабри другите да се придружат. Засега, уште 3 училишта во Хрватска објавија дека се започнале со организација и планирање на оваа акција.
Полека, но сигурно овој позитивен тренд се шири. Организирањето и обезбедувањето на бесплатни влошки и тампони за девојчиња во оние денови од месецот не е нешто што може да се направи за неколку дена, но сега уште 3 училишта од Хрватска најавуваат дека ќе ја започнат оваа иницијатива. Поради сиромаштијата во Хрватска, истражувањата покажале дека една третина од жените се принудени да штедат на влошки затоа што се прескапи. Иако ѝ беше предложено на Владата да го намали данокот за производите кои се потребни за време на менструацијата со цел да ги направи што е можно подостапни, тоа беше одбиено.
И додека државата не се грижи толку за овој проблем, училиштата се грижат. Машинското и сообраќајно училиште од Вараждин стана пример за сите, а сега овој пример го следат уште три училишта од Истра. Средното училиште Владимир Гортан Бује веќе ја спроведува ваквата иницијатива. „Кај нас, на ова се сетија самите ученици -поточно учениците од 4 - та година од насоката техничар по хотел и туризам. Тие добија идеја да се постави диспензер во женскиот тоалет на училиштето и од него девојчињата да можат да си земаат хигиенски средства кога им се потребни. Нивната идеја беше учениците сами да ја финансираат оваа иницијатива, но кога ни ја презентираа, училиштето одлучи да ја преземе улогата на финансирање самостојно, додека учениците се обврзаа да ја следат состојбата и да го дополнуваат диспензерот со нови производи. Значи, ние веднаш го прифативме предлогот и го применивме во пракса“ - изјави за istrain.hr училишниот психолог Петра Бошњак.
Другото училиште кое ќе ја започне оваа иницијатива од 12 април е гимназијата Пула. Покрај овие двајца, тука е и средното училиште Бузет, кое исто така сака да се придружи и да започне со подготовките. Според порталот istrain.hr, училиштето им потврдило дека прават сѐ што е во нивна моќ за да ја спроведат оваа иницијатива и во моментов се во процес на изнаоѓање спонзор за да им помогне со тоа што ќе им помогне со финансиите за бесплатните влошки. Иако сè уште не добиле никаков конкретен одговор, тие нема да се откажат сѐ додека не го пронајдат. Кое училиште е следно? Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи да се шири и дека наскоро ќе се воведе во училиштата во Македонија.
фото: ssuaphotos / Shutterstock