Трендсетерките се фасцинирани од кадифени нокти: Маникир кој има над 140 милиони прегледи, а во сечиј стил внесуваат допир на луксуз и елеганција
Во последните месеци „Тикток“ заедницата откри „нова“ опсесија – маникир, а моментално најпопуларни се таканаречените кадифени нокти.
Хаштагот #velvetnails има речиси 140 милиони прегледи, а видеата на оваа тема прикажуваат нокти средени на многу сличен начин, односно стилизирани за да остават впечаток на кадифе на ноктите.
@heluviee velvet nails
original sound - Laerke
Ваквиот маникир поставува нов стандард, давајќи им на ноктите едноставен, а сепак многу луксузен и впечатлив изглед.
Плишаните нокти подразбираат употреба на специјални лакови и производи кои ја прекршуваат светлината, односно прават ноктите да светат, а сепак да бидат мат. Затоа фотографиите не можат верно да ја докажат убавината на овој маникир, но во живо навистина изгледа магично!
@nailartbysig Velvet nails #OneSliceChallenge #pov #nails #velvetnails Gods Plan Slowed - Payton stan
Судејќи според популарноста на социјалните мрежи, ова ќе биде еден од најпосакуваните и најпривлечните есенски маникири, па нема да погрешите ако го пробате.
Овој ефект е најлесно да го постигнете во салон за убавина со професионалец, бидејќи за кадифен маникир ви се потребни специјализирани производи како прајмер за нокти, постојан магнетен лак и магнет за нокти за работа со посебни техники.
Извор: zena.blic.rs