Третата сезона од серијата „Never Have I Ever“ излегува побрзо отколку што мислиме: Кој ќе избере Деви? (ВИДЕО)

Третата сезона од серијата „Never Have I Ever“ излегува побрзо отколку што мислиме: Кој ќе избере Деви? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Едвај ја чекаме новата сезона од оваа популарна тин серија...

Втората сезона од серијата „Never Have I Ever“ беше прикажана во јули минатата година, а само неколку недели после тоа го потврдија и снимањето на третата сезона. Сега дојде време кога може да ѝ се радуваме на третата, бидејќи пристигнува наскоро!

„Never Have I Ever“ е популарна тин серија која одамна ги освои обожавателите ширум светот. Минатото лето уживавме додека ја гледавме втората сезона, а сега едвај ја чекаме третата, која на Нетфликс ќе излезе и порано отколку што мислиме. Новата сезона ќе ја гледаме следниот месец, а точниот датум е петок, 12 август.


Како и во досегашните сезони, оваа исто така ќе има 10 епизоди, во кои ќе ги следиме сите љубовни драми на Деви, но ќе дознаеме и кој ќе избере на крајот - Бен или Пакстон? Освен тоа, не мора да се грижиш, бидејќи како што пишува „Teen Vogue“ ќе имаме можност да гледаме уште две сезони од оваа популарна серија. По третата ќе излезе и четврта, а потоа и псоледната финална сезона, во која работите ќе доживеат расплет и дури тогаш конечно ќе ја знаеме целата ситуација, кога се животните драми на Деви во прашање. 

фото: Принтскрин / imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: