Третото одделение не е толку лесно: Наставничка и водителка не знаеле да решат задача

Третото одделение не е толку лесно: Наставничка и водителка не знаеле да решат задача

Објавена во: Совети // School zone

Мислиш дека наставата на телевизија за пониските одделенија е полесна?

Ги насмеаа гледачи, но и себе, бидејќи никако не успеале да ја решат задачата по хрватски јазик која била наменета за учениците од трето одделение.

Видето од наставата за трето одделение во склоп на ТВ - училницата во Хрватска, стана вистински хит на социјалните мрежи поради проблемите со кои се соочија водителката и наставничката поради една игра.


На децата им беше зададена играта меморија во која требаше да спојуваат поими со описи, а водителката и наставничката пред камерата се обидуваа да ги спојат паровите. Тоа им зададе проблеми, па никако не успеваа да пронајдат опис за поимите како што се песна, стих, рима или строфа. Во обидите кои ги имале не успеале да спојат ниту еден пар, а ова видео набрзо стана вирален хит на сите забавни и сатирични Фејсбук профили.

„Не ни оди баш“ - проба на шега да сврти работата наставничката. „Се надевам дека вие дома сте успешни во ова“ - додаде потоа.

„Нема врска, сега ни се смејат. Малку ги насмеавме“ - заклучи водителката по неуспешната игра, а смеењето продолжи и од страна на камерманите. „Најдобро е деца вие тоа да го решите дома и да ни се јавите, можеби ќе бидете поуспешно. Ние овде навистина се збунивме.“ - порача наставничката. Маката од играта траеше скоро три минути, а како се одвивало тоа, можете да погледнете во видеото од 23:20 минута.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: