Тргна по стапките на својот познат татко: Ќерката на Џон Траволта го објави својот прв сингл
Интересно е дека Џон Траволта имал 22 години кога во 1976 година го објавил својот дебитантски сингл „Let Her In“...
Ќерката на Џон Траволта Ела Блу го објави својот дебитантски сингл, „Dizzy“, поради што познатиот холивудски актер е неверојатно возбуден.
Ќерката на Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон, 21-годишната кантавторка Ела Блу го објави својот дебитантски сингл „Dizzy“ и оваа вест ја сподели на Инстаграм.
„Толку сум среќна и возбудена што можам да кажам дека мојот прв сингл, „Dizzy“ конечно е објавен“ - објави на Инстаграм.
Гордиот татко исто така објави видео и го сподели линкот од песната.
Интересно е дека Џон Траволта имал 22 години, кога во 1976 година го објавил својот дебитантски сингл „Let Her In“, кој се најде во листата на Топ 10 синглови во Америка. Две години подоцна се врати помеѓу Топ 10, благодарение на соработката со својата колешка од филмот „Брилијантин“, Оливија Њутн-Џон со песните „You're The One That I Want“ и „Summer Nights“.
Во 2009 година Џон Траволта и Ела Блу соработуваа на филмот на Дизни „Old Dogs“ во кој Ела ја глумеше Емили Грир и заедно со својот татко ја пееше песната „Every Little Step I Take“. Песната „Dizzy“ е достапна и на сите стриминг платформи.