Три хороскопски знаци кои нема да имаат среќа во љубовта во 2020
# Близнаци
Иако се секогаш со отворен ум, Близнаците би можело да бидат неодлучни кога е во прашање љубовта. Пред да се впуштат во нешто сакаат ситуацијата да ја согледаат од сите можни агли и се прашуваат „што ако“. Поради таа неодлучност, личноста која е заеграна за некој роден во овој знак, едноставно ќе се откаже. И токму тогаш Близнаците ќе сфатат дека сепак јас сакаат. Поради тоа родените во овој знак следната година ве чека можност да изгубат личност која им значи, само затоа што не можеле да си признаат и да се препуштат.
Доколку си ти личност родена во знакот Близнаци, немој премногу да размислуваш. Знаеш добро што сакаш и оди по тоа. Пробај на личноста која ти се допаѓа директно да и покажеш дека ти се допаѓа, а доколку си во врска, зборувај со момчето/девојката.
# Лав
Лавовите имаат голема одговорност и едноставно им е во природа да се фрлаат под светлата на рефлекторите. Не се личности кои ќе се задоволат со било што, а да ги следите на нивните авантури не е лесно. Поради желбата за тоа да бидат секогаш во центарот на вниманието, Лавовите следната година би можело на полето на љубов ќе бидат големи губитници. Иако тоа звучи тажно, можеби така е и подобро. Иако е важно двете страни во врската да се чувствуваат важно, некој треба да ја разбие потребата на Лавовите да бидат број 1.
# Девица
Не е дека Девиците се трудат да најдат маана, туку едноставно имаат висок стандард за личностите со кои се впуштаат во врска. Девиците се најорганизираниот знак на зодијакот, а изработката на плановите и слепото држење на работите им е во крв. Меѓутоа, љубовта не може да се испланира и тоа Девицата ќе го сфати оваа година. Кога најмалку очекуваат, ќе се појави личност која ќе ги освои, но затоа што тоа нема да им биде во план, ќе претпоставуваат дека љубовта не им е судена. Кога ќе помине некое време, тогаш ќе сфатат каква можност пропуштиле, но нема враќање.