Три милиони лајкови за Ким Кардашијан во бикини: Ријалити ѕвездата се врати во минатото

Три милиони лајкови за Ким Кардашијан во бикини: Ријалити ѕвездата се врати во минатото

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако целиот свет сега е заинтересиран за разводот од Канје Вест, таа успеа да му го одвлече вниманието со провокативни фотографии...

Најпознатата старлета на светот и ријалити sвезда Ким Кардашијан објави две стари фотографии на социјалната мрежа Инстаграм и ги воодушеви милионите следбеници со својот изглед, кои како „луди“ ја лајкуваа нејзината нова објава.

Иако светот не престана да зборува за нејзиниот развод со Канје Вест, Кардашијан никогаш не престана да ги изненадува своите следбеници со провокативни фотографии по кои е исклучително позната. Дека се одлични и старите фотки во отсуство на нови, старлетата докажа објавувајќи две фотографии во беж костим за капење од минатата година. Минијатурните бикини во беж тон, шалот околу глава и очилата им се допаднаа на сите, но најмногу лајкови доби поради нејзините облини, кои беа пофалени.

„Преубава си, гориш, најзгодна си, какви облини, ова го нема никаде, жешка како лав“ - напишаа нејзините следбеници со коментар.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: