Трик со чија помош инфруенсерките ги „пакуваат“ џиновските џемпери во тесни здолништа

Трик со чија помош инфруенсерките ги „пакуваат“ џиновските џемпери во тесни здолништа

Објавена во: Мода // Moj стил

Есента со своите временски прилики, со себе донесе нов интересен тренд. Покрај повеќеслојните комбинации кои ги препорачуваат светските магазини, Инстаграм и другите социјални мрежи, преплавени се и комбинациите со џемпери над здолништа. Но, како им успева оваа работа, која делува невозможно - џиновскиот џемпер толку елегентно да се спакува во тесни здолништа?

Една влогерка објаснува на ТикТок како ова функционира. Имено, финтата за кул комбинација, која ја експлоатираат модните инфлуенсерски, многу е едноставна - ставаш ременче со слична боја како џемперот и потоа го повлекуваш џемперот нагоре, додека има водолно материјал за да се повлече преку ременот.

Еден корисник на Твитер шеговито напиша: „Еј шефе, извини што доцнам три часа, пробував да сфатам како инфлуенсерките носат огромни џемпери над тесните здолништа“. Таа доби еден тон одговори, вклучувајќи и видео упатство.

Овој тренд претставува совршен начин уште неколку пати да се искористи омилениот летен фустан или здолниште. Во продолжение погледнете неколку примери за тоа како можете да изгледате супер кул.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: