Трикот на Кендал Џенер: Како пудрата да изгледа поприродно?
Познатата „мејк ап“ артистка која соработува со Кендал сподели совети кои вредат злато.
Од целото семејство Кардашијан, Кендал Џенер кога е во прашање шминката, најмногу се разликува од своите сестри.
За разлика од нив, кои се вистински мајстори кога е контурата и различните техники на нанесување на јака шминка, Кендал го негува природниот изглед, па понекогаш се чини како да не е нашминката. Сепак, нејзината тајна е во пудрата која ја задржува својата свежина за време на целиот ден изгледа како да е тукушто нанесен, пишува Космополитан.
Мери Филипс, која е задолжена за шминката на Кендал, тврди дека за тоа може да се заблагодари само на еден едноставен трик. Тајната е во добрата хидратантна крема или серум кој секогаш го подготвува лицето, но и ја поправа и „фиксира“ пудрата. Да, добро прочитавте.
„Земам малку хидратантна крема или серум, ставам на лицето, а тоа земам широка четка и ја натопувам во кремата, па тапкам по лицето“ – откри познатата „мејк ап“ артистка.
Доколку не ти звучи логично, Филипс тврди дека ова е всушност исправниот начин на шминкање.
„Знам дека звучи дека ќе ја расипе пудрата, но всушност се е обратно. Тоа делува како магична гумичка која го рехидрира лицето, а притоа ништо да не се помрдне од местото“ – објаснува Мери.