Трите во бело: Сите ја коментираат новата фотка на Јелена Карлеуша со двете ќерки кои пораснаа во вистински мали дами
Популарната пејачка Јелена Карлеуша неодамна се најде во центарот на медиумското внимание поради разводот со сопругот Душко Тошиќ.
Пејачката се обрати на јавноста за тоа и рече дека не е време да се откаже, туку дека животот мора да продолжи.
Набрзо продолжи со вообичаените животни обврски, а на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија со ќерките кои несомнено прераснаа во убави девојки.
На заедничката фотографија можете да ја видите Јелена со двете ќерки Ника и Атина, сите три облечени во бели фустани. Девојчињата пораснаа во вистински мали дами, а Јелена е многу горда на нив две.
Она што сите го забележаа е дека девојките наследиле склоност кон фотографирање и дека за неколку години сигурно ќе можат да ѝ парираат на својата мама на насловните страници на познатите магазини.
извор:GLOSSY