Тука е роден принцот Филип: Тажното детство му го одбележа прогонството од Грција, кога имал само 18 месеци

Тука е роден принцот Филип: Тажното детство му го одбележа прогонството од Грција, кога имал само 18 месеци

Објавена во: Живот // Живот

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора почина во петокот...

Филип имаше православни корени. Роден е во вилата Мон репос на грчкиот остров Крв, како потомок на грчкото и данско кралско семејство, како син единец и петто и последно дете на принцот Ендру и принцезата Алис.

Датумот на крштеницата е 28 мај, бидејќи Грција во тоа време сѐ уште се придржувала до Јулијанскиот календар.

Иако самиот се декларирал како Данец, тој ги негувал своите православни корени, а истото го прави и неговиот син, принцот Чарлс, кој редовно ја посетува Црна Гора, а ја посетил и Србија.

Мон Репос е палата која се наоѓа на врвот од ридот Аналипсис, во близина на областа Канони. Окружена е со огромен и прекрасен парк. Градена е од 1824 до 1831 година, по барање на тогашниот гувернер на Крф, Фредерик Адамс, а како подарок за неговата сопруга, Нина Палатиану.

Госпоѓа Палатиану не уживала долго во оваа палата, бидејќи Адамс заминал на служба во Индија. Па така, палатата се претворила во летна резиденција на сите британски гувернери.

По обенидувањето на Јонските острови со Грција, палатата е подарена на грчкиот крал Георфиос Први, кој тогаш ѝ го дал името „Мон Репос“.

Самата палата не е голема, но е неверојатно архитектонско остварување на британскиот колонијален стил.

По соборувањето на монархијата во Грција, палатата Мон репос била запоставена, но сега е целосно обновена и претворена во музеј кој чува многу богатства на островот.

Кога во 1922 година дошло до државен удар, таткото на Филип со одлуката на револуционерниот удар бил прогонет од Грција.

По него пристигнал британски воен брод, кој му го испратил кралот Џорџ Петти, роднина од второ колено.

Филип, како бебе поголемиот дел од патот го поминал во колевка од сандак за портокали.

Неговото детство било тажно. Како што кажал Мајкл Паркер, кој бил првиот приватен секретар на принцот, Филип бил осамен.

„Кога му требаше татко, никој не беше тука за него. Бракот на неговите родители е уништен. Мајка му се приклучи кон религијата. Младиот принц од Грција го испраќаа кај роднини и на разни училишта“ - рече тој во една прилика.


Уште во времето на неговото раѓање, бракот на неговите родители бил во тешка криза. За време на воениот удар, неговиот татко заминал во егзил во Монте Карло, каде што живеел со неговата љубовница, додека Алис со петте деца се нашла во егзил во Париз, кога Филип имал само една и пол година.

Првично се сместиле во една куќа во предградието, која била во сопственост на неговата тетка Марија Бонапарта, која била во брак со грчкиот принц Џорџ. Братучедот на Филип бил геј - принцот Џорџ бил заљубен во неговиот вујко, данскиот принц Валдемара од Данска, и не го криел тоа. Семејството немало пари, ги издржувале богатите тетки, а четирите сестри на Филип морале да бараат подеднакво богати сопрузи.


Кога Филип имал 8 години мајка му заболела од шизофренија, а татко му одбивал да ги прифати децата. Следната година сите сестри на Филип се омажиле за Германци, а тој останал кај роднините. Татко му не го ни гледал, а се случувало и со години да не слушне ништо за мајка му, сѐ додека еден ден не ги споила една трагедија - Сесилија, сестрата на Филип, нејзиниот сопруг и двата сина доживеале стравична авионска несреќа во 1937 година.

фото: Tanjug AP

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: