Тука се за да се кршат: 4 правила во пријателството до кои не треба слепо да се држите
Некако се подразбира дека ќе се држиш до нив, но доколку ти пречат...
Од сите правила кои можеш да ги прекршиш во пријателството, ова се некои за некои твојата најдобра пријателка не треба да ти се налути, доколку се грижи за тебе и твојата среќа.
# Правило број 1: Треба да ги мразиш сите луѓе кои ги мрази и твојата пријателка
Мразењето на некоја личности некогаш ги спојува луѓето. Но, доколку тоа не е случај со тебе и твојата пријателка, не би требало ниту една на друга да си одредувате со кој да се дрижи секоја од вас. Сите имаме некоја личност која не ни е особено драга, бидејќи на некој начин не нервира, но тоа не значи дека и сите твои пријатели треба да ја мразат. Особено, доколку станува збор за нешто што се случило одамна или не е некој голем грев, не треба да ѝ се налутиш на твојата пријателка со зборувала со твојата „непријателка“.
# Правило број 2: Момчето кои ѝ се допаѓа или ѝ се допаѓало на твојата пријателка не треба да го допираш
Секако дека нема да ѝ го преземеш ликот пред очи, но постојат ситуации кога ова правило може да се заобиколи. Симпатијата од шесто одделение со која никогаш не разговарала или момчето кое ѝ е симпатија, но таа е во среќна врска, се ситуации кога ова правило може да се заобиколи без некој да се налути. Истото важи и за тебе! Само немој ништо од ова да ѝ правиш зад грб. Биди отворена и признај ѝ доколку ти се свиѓа некој за кој знаеш дека екогаш била загреана и прашај ја дали е во ред да пробаш и ти нешто со него.
# Правило број 3: Немој да одиш на состаноци со братот/сестрата на најдобриот пријател/ка
Ова може да биде хаос, но може да испадне и одлично. Доколку со некој се дружиш често и долго, добри се шансите дека во ваша близина или дури и во друштво ќе се најде братот или сестрата на таа личност. Никогаш не можеш да знаеш со кој ќе кликнеш, а ако доколку тоа ти се случи со оваа личност, не би требало да биде крај на светот и почеток на забранета љубов. Само пред да се впуштиш во таков однос добро размисли дали толку многу ти се свиѓа таа личност и дали вреди за непријатните ситуации кои ќе следуваат во иднина. Не е наједноставен однос, но не мора да биде забранет.
# Правило број 4: Треба сè да ѝ кажеш на твојата најдобра пријателка
Пријателите се тука за тебе. Ќе те слушаат кога нешто ќе те мачи, ќе ти даваат совети, ќе бидат со тебе, но тоа не значи дека мораш да им кажеш сè доколку не сакаш. Сосема е во ред доколку некои работи ги задржиш само за себе. Не треба поради тоа да се чувствуваш виновна. Не сме сите исти и не сакаме да делиме еднаква количина на приватни информации со другите, дури и оние кои ни се многу блиски. На твојата пријателка можеби не ѝ пречи да зборува за сè што ја мачи, но доколку ти не сакаш на неа да ѝ откриеш нешто, не си го издала вашето пријателство со тоа. Доколку ти е навистина најдобра пријателка ќе те разбере доколку не сакаш да кажеш нешто.
фото: Shutterstock