Тукушто родено бебе во Бразил проодело и ги шокирало доктрите: Видеото од новороденчето разнежни и насмеа милиони луѓе
Сите се прашуваат како воопшто е можно ова, бабицата не можела да верува што гледа...
Во породилиште во Бразил, бебе ги остави сите без зборови откако се роди! Имено, новороденчето го запрепасти медицинскиот персонал во родилната сала, веднаш покажувајќи го својот силен карактер.
Веднаш по породувањето, медицинската сестра се обидела да го искапе бебето, но тоа „цврсто решило“ да го избегне тоа и веднаш проодело! Додека бабицата го држела во раце, борбеното девојче ги испружило нозете и зачекорило напред, обидувајќи се да избега. Првите чекори ги направило во болница во Санта Круз, во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул.
Видеото од оваа несекојдневна ситуација од породилиштето е направено пред пет години, денес се наоѓа на социјалните мрежи и скоро секоја личност која го изгледала успеала да се разнежни и насмее.
„Господе, девојчето оди. Се обидов да ја избања, а таа продолжи да ми бега“ - кажа изненадената бабица.
фото: Принтскрин / Јутјуб